Ќе се уредува дел од минор коритото на Крива Река
- Дел од минор коритото на Крива Река во должина од околу еден километар ќе се уредува и гради со под-заем од Министерството за финансии и Светската банка.
Крива Паланка, 4 ноември 2020 (МИА) - Дел од минор коритото на Крива Река во должина од околу еден километар ќе се уредува и гради со под-заем од Министерството за финансии и Светската банка.
Од локалната самоуправа на Општина Крива Паланка информираат дека ќе се уредува делот од минор коритото во продолжение од постојната регулација од т.н. Шанин мост до пешачкиот мост кај населбата Негови бавчи. Целта на реализација на овој проект е подобрување на квалитетот на животот на месното население во Крива Паланка.
-Се известуваат граѓаните дека поради изведување на градежни работи можно е повремено затворање на дел од пристапите до речното корито, особено делот кај градскиот зелен пазар, од кадешто често се врши дотур на стока за пазарот преку нестандардни пристапи. Посочуваме граѓаните да го користат за дотур на стока во пазарен ден,сабота, стандардниот пристап на пазарот, а возилата да ги паркираат на соодветни локации во близина на пазарот, без попречување на работата, соопштија од Општина Крива Паланка.
Оттаму ги информираат граѓаните дека е можно и повремено затворање на пешачките премини, мостови.
На влезот на општината е поставено и сандаче за доставување пофалби, поплаки и коментари од граѓаните по однос на овој проект.ид/бт/