• петок, 22 ноември 2024

Ќе се пошумуваат локациите, кои беа каменоломи во струшко Лабуништа

Ќе се пошумуваат локациите, кои беа каменоломи во струшко Лабуништа

Струга, 17 ноември 2023 (МИА) - Локациите кои беа каменоломи во струшкото село Лабуништа ќе бидат засадени со дрвја, информира за МИА претседателот на еколошкото здружение „Натура лаб“ Алим Салоски.

Идејата, според него, произлегла по успешно реализираниот проект со раззеленување на просторот, кој беше дива депонија во близина на селото.

- Дивата депонија, кога ја затворивме ја покривме со шлуњак и на местото засадивме околу 800 дрвца, багреми. Интересно е тоа што околу 80 отсто од садниците се зафатени и местото од кое се ширеше непријатна миризба, а често и чад поради палење не личи дека некогаш било депонија, вели Салоски.

Деветте каменоломи во и околу Лабуништа зафаќаат голема површина, но најпрво, посочува дека ќе почнат со оној што е најблиску до селото.

- Каменоломот е со многу голема површина. Најпрво планираме големите дупки да ги пополниме со тврд материјал, а попристапните места да ги наполниме со земја и во текот на јануари и фервуари идната година да почнеме со пошумувањето со багреми, додава Салоски.

По долгогодишна битка, жителите на Лабуништа успеаа да се изборат за раскинување на концесиите од страна на Министерството за економија за работа на каменоломите во близина на селото, чија прашина ја загадуваше околината, а била причина и за високиот процент болни со болести на респираторните патишта. сс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан