• понеделник, 23 декември 2024

Ќе се изработи анализа со активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро, најави Ковачевски

Ќе се изработи анализа со активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро, најави Ковачевски

Скопје, 20 јануари 2023 (МИА) - Во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското Езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро, истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е во посета на Преспанскиот регион.

Премиерот потенцира дека се работи за огромен проект кој треба да биде поддржан и од нашите партнери и увери дека државата нема да го остави Преспанското Езеро.

- Државата ќе преземе се што е во нејзина надлежност и можности во однос на непогодата која што се случи на Езерото Прсепа. Преспанското езеро природно е поврзано со Охродското Еезеро и нормално дека како резултат на овие климатски промени како на пример има се помалку врнежи и водостојот на езерите и реките во државата е намален како и во цела Европа, се случува големиот дел од езерата и реките да се со намалена количина на вода. Ние разговаравме со ресорните министерства по однос на овој проблем и во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки како да се спаси Преспанското езеро исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро. Се работи за огромен проект кој треба да биде поддржан и од нашите партнери. Државата нема да го остави Преспанското Езеро, рече Ковачевски.

На новинарско прашање околу отворањето на граничниот премин Маркова кула кон Грција, Ковачевски рече дека верува дека во најбрз можен период ќе може да се зборува за отворање на овој граничен премин.

- Активноста на отворањето на овој граничен премин се одвива поодминат период наназад, а сите детали околу ова треба да ги разговарам со МВР и други надлежни институции и со грчката страна, бидејќи таму има активности коишто треба да се завршат. Верувам дека во најбрз можен период ќе може да зборуваме за отворање на овој граничен премин, што не беше случај во минатото, рче Ковачевски.бт/фф/

Остани поврзан