• среда, 26 јуни 2024

Ќе заседаваат ИО и ЦО на СДСМ, утре средба на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

Ќе заседаваат ИО и ЦО на СДСМ,   утре средба на Ковачевски со лидерите од владината коалиција

Скопје, 18 мај 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдија за МИА од Владата. 

Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања. 

Во пресрет на утрешната средба, како што  информираат од СДСМ, вечер седници ќе одржат Централниот  и Извршниот одбор на оваа партија.

Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.лв/фф/

Остани поврзан