• петок, 22 ноември 2024

Њујорк Тајмс: Малку е веројатно дека Израел ќе ги погоди иранските нуклеарни локации

Њујорк Тајмс: Малку е веројатно дека Израел ќе ги погоди иранските нуклеарни локации

Њујорк, 8 октомври 2024 (МИА) - Малку е веројатно дека Израел ќе ги погоди иранските нуклеарни постројки како одговор на минатинеделниот ракетен напад на Техеран, објави американскиот весник Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани официјални лица.

 Изворите на весникот наведуваат дека Израел најверојатно наместо тоа ќе се фокусира на напади врз воени бази, разузнавачки служби или раководството, но подоцна би можел да продолжи со нуклеарната програма, доколку Иран повторно возврати.

Израелските власти се сомневаат во ефикасноста на нападот врз иранската нуклеарна програма бидејќи веруваат дека таквите напади би можеле да го принудат да оди во илегала или да го забрзаат нејзиниот развој.

Извештајот, исто така, истакна дека Израел со години наназад немал вистински план да ја нападне иранската нуклеарна програма, туку повеќе беше фокусиран на заканите од Хезболах, се додека Нафтали Бенет не стана премиер на Израел во 2021 година. Со неговото доаѓање на власт се зголеми притисокот за напад врз иранската нуклеарна програма и тој инсистираше на вежби за симулирање на долги летови до Иран.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан