• сабота, 23 ноември 2024

Њујорк Тајмс: Камала Харис го притиска Бајден да ја заостри реториката за кризата во Газа

Њујорк Тајмс: Камала Харис го притиска Бајден да ја заостри реториката за кризата во Газа

Њујорк, 5 март 2024 (МИА) - Американската потпретседателка Камала Харис врши притисок врз американскиот претседател Џо Бајден и други високи претставници на администрацијата да ја заострат својата реторика за хуманитарната криза во Газа, пишува денеска Њујорк Тајмс.

Во извештајот, во кој се цитирани четири лица запознаени со апелите на Камала Харис, се вели дека таа постојано им укажувала на Бајден и на другите претставници на Белата куќа „дека администрацијата треба да покаже поголема емпатија за палестинските цивили со тоа што јавно ќе зборува за бројот на загинатите во Газа и за страдањата на преживеаните“.

Бајден ја поддржа нејзината позиција, според американскиот весник, но исто така рече дека официјалните лица треба да продолжат да ги осудуваат нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Харис го обвини Израел дека не прави доволно за да ја олесни хуманитарната катастрофа во Газа во говорот во неделата, што означи промена во реториката од американската администрација.

Таа се состана со членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц во понеделникот во Вашингтон.

Во соопштението по состанокот, Белата куќа соопшти дека Харис и Ганц разговарале за итноста за прекин на договорот за заложниците со цел да се ослободат на повеќе од 100 луѓе за кои се верува дека сè уште се држат во Газа, откако палестинските екстремисти го нападнаа јужниот дел на Израел.

Таа, исто така, ја повтори поддршката на администрацијата за привремен прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и зголемување на хуманитарната помош за Газа.

Њујорк тајмс наведува дека изјавата на Камала Харис за ескалација на реториката има за цел да одговори на поплаките од членовите на Демократската партија кои се противат на американската поддршка за Израел во војната против Хамас и да го покаже нејзиниот надворешнополитички кредибилитет и дека таа може да биде замена за претседателот доколку е потребно. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан