• понеделник, 23 декември 2024

„Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

„Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

Њујорк, 1 декември 2023 (МИА) – Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ денеска објави дека израелските власти добиле разузнавачки информации за борбениот план на Хамас за нападот на 7 октомври повеќе од една година пред тој да се случи.

Весникот тврди дека официјални лица кои ги виделе плановите ги отфрлиле само како „желба и аспирација, сметајќи дека е премногу тешко за Хамас да ги спроведе“.

Во разузнавачкиот извештај изготвен на 40 страници официјалните лица виделе документ во кој биле наведени сите напади, еден по друг, токму како оние што се случија на 7 октомври.

„Хамас го следеше планот со шокантна прецизност“, пишува весникот.

Планот, исто така, вклучувал и „детали за локацијата и големината на израелските воени сили, комуникациските центри и други чувствителни информации“, за кои „Њујорк Тајмс“ наведува дека покренале прашања за тоа како Хамас ги собирал своите информации и посебно можноста дека имало протекување во израелското разузнавање. сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан