• петок, 17 мај 2024

Њукасл ја сака легендата на Милан за спортски директор

Њукасл ја сака легендата на Милан за спортски директор

Лондон, 2 април 2024 (МИА) - Легендата на Милан, Паоло Малдини би можел да биде нов спортски директор на Њукасл.

По информациите дека актуелниот спортски директор на „црно-белите“ Ден Ешфорт ќе се пресели во Манчестер Јунајтед, раководството на клубот го посакува Малдини за негов наследник.

Инаку, Малдини до неодамна беше во раководните структури на Милан, но доби отказ.

Италијанецот имаше понуди да започне со работа во Саудиска Арабија, но Италијанецот ја одби оваа можност.дс

Фото: Архива

Остани поврзан