• петок, 22 ноември 2024

Љутков од Свети Николе: Во националните институции најголем проблем имаме со недостиг на стручен кадар

Љутков од Свети Николе: Во националните институции најголем проблем имаме со недостиг на стручен кадар

Свети Николе, 21 август 2024 (МИА) - Се работи на анализа за колкав е недостигот од стручен кадар во сите институции од областа на културата, но во 2024 година е многу тешко да има нови вработувања, со оглед на тоа дека сега е направен ребалансот на буџетот, изјави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков при денешната посета на Општина Свети Николе и архелошкиот локалитет „Била Зора“.

-Таа функционална анализа ќе биде готова некаде за околу месец и половина и ќе предвидиме нови работни места во 2025 година, бидејќи најголем проблем имаме со стручниот кадар, не толку во административниот, туку со стручниот кадар, во сите национални институции, рече Љутков.

Министерот за култура и туризам како пример го посочи Музејот на Македонија, каде што по основ на пензионирање си заминале 30 вработени и тоа во изминатите три години, а за овој период е вработено само едно лице. На новинарско прашање за изградбата на Театарот во Струмица, Љутков најави дека средства за негова доизградба ќе има во 2025 година. Во наредните денови ќе има посета на културните институции во Струмица.

-Мислам дека веќе постапката почнува да се откучува и ќе предвидиме средства за 2025 година и не уверија дека некаде за девет месеци до година дена, на тој Театар ќе може да се пресече лента, вели Љутков.

Тој денеска заедно со градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владеви професорите од Филозофскиот факултет од Скопје, го посетија  археолошките локалитетот „БилаЗора“, а воедно најавија дека ќе има повеќе средства за археолошки истражување, како за промоција и привлекување на туристи. вдј/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан