• петок, 17 мај 2024

Љупчо Димовски нов претседател на СПМ

Љупчо Димовски нов претседател на СПМ
Скопје, 16 јануари 2021 (МИА) - Пратеникот Љупчо Димовски е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија на деветтиот конгресот на партијата што се одржа денеска во Кратово. СПМ претходно ја предводеше Љубисав Иванов Ѕинго кој почина неодамна. Димовски досега ја вршеше функцијата генерален секретар на СПМ, а пред пратеничката функција, беше на повеќе позиции, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и заменик министер за транспорт и генерален директор на ЈП „Паркови зеленило“-Скопје.лв/

Остани поврзан