• понеделник, 18 ноември 2024

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева

Љубчо Георгиевски во Софија се сретна со Захариева
Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна Љубчо Георгиевски денеска остварил средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. За средбата информираше министерката Захариева на нејзиниот фејсбук-профил. - Мојот тим и јас денеска имавме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер (1998-2002) Лубчо Георгиевски, напиша Захариева. Георгиевски неодамна изјави дека ќе ја посети Софија за да информира дека евентуалното вето од Бугарија би било контрапродуктивно. бак/вј/

Остани поврзан