• петок, 22 ноември 2024

Љуботен со победа го заврши настапот во женската Лига на шампиони

Љуботен со победа го заврши настапот во женската Лига на шампиони

 

Еншеде, 7 септември 2024 (МИА) – Фудбалерките на Љуботен со победа го завршија настапот во женската Лига на шампиони, откако попладнево во натпреварот за третото место во квалификациската група 5 го совладаа велшки Кардиф со 2-0 (1-0).

Победата на македонскиот шампион ја донесе двојниот стрелец Хава Мустафа, која беше прецизна во 38 минута и во 90+2.

Со овој триумф фудбалерките на Љуботен го освоија третото место во квалификациската група која се игра во холандскиот град Еншеде.

Во првиот натпревар, македонскиот шампион загуби убедливо од исландски Валур со 10-0. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан