• петок, 05 декември 2025

Љуботен се засили со азербејџанска репрезентативка

Љуботен се засили со азербејџанска репрезентативка

 

Тетово, 23 јули 2025 (МИА) – Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција Љуботен ги засили своите редови со репрезентативката на Азербејџан, Милана Рахимова.

Како што попладнево соопшти тетовскиот клуб, Рахимова доаѓа во редовите на Љуботен од турскиот прволигаш Унје Гучу.

„Со неа ја добиваме потребната стабилност во одбраната и може да се каже дека ќе претставува едно од најквалитетните имиња кои заиграле во нашето првенство. Се надеваме на долга и успешна соработка и исполнување на зацртаните цели“, соопшти Љуботен.

Рахимова ги засили редовите на Љуботен пред претстојниот старт на квалификациите во Лигата на шампиони во кои македонскиот првак ќе биде домаќин на квалификациската група во која се и екипи од Бугарија, Фарските острови и Ерменија.

Противник на Љуботен во полуфиналето на 30 јули на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе биде шампионот на Фарските острови, НСИ, додека во второто полуфинале ќе играат НСА Софија и Пјуник Ереван. ег

ФОТО: ФК Љуботен/Фејсбук

Остани поврзан