Љуботен поразен од Розенгард во женската Лига на шампиони
- Фудбалерките на Љуботен загубија попладнево од фаворитот Розенгард со 5-0 во полуфиналниот натпревар од втората квалификациска рунда во женската лига на шампиони.
Ловен, 27 август 2025 (МИА) – Фудбалерките на Љуботен загубија попладнево од фаворитот Розенгард со 5-0 во полуфиналниот натпревар од втората квалификациска рунда во женската лига на шампиони.
Љуботен одржуваше резултатска неизвесност на натпреварот во белгиски Ловен до 44 минута, кога шведскиот шампион дојде во водство преку Имо од пенал. Истата фудбалерка беше прецизна и во 59 минута, откако претходно сјостром зголеми на 2-0 во 52 минута.
Розенгард во завршницата дојде до убедлив триумф со двата гола на Ларсон (80, 90+1).
Љуботен во натпреварот за третото место ќе игра со поразениот од вечерашниот втор полуфинален натпревар меѓу домаќинот Ловен и Сараево. Третопласираниот тим ќе го продолжи настапот во новоформираниот Европски куп, кој ќе стартува од оваа сезона.ег
ФОТО: ФФМ