• петок, 20 декември 2024

Љубиша Николиќ добитник на наградата „Маџирмаалски поестски бранувања“

Љубиша Николиќ добитник на наградата „Маџирмаалски поестски бранувања“
Скопје, 31 декември 2020 (МИА) - Авторот Љубиша Николиќ со својата песна „Јас не сум за тебе“ е добитник на наградата „Маџирмаалски поестски бранувања“. Останатите придружни награди беа доделени на Сузана Ѓорѓиеска за песната „Маџирмаалска љубовна песна“ и на Томислав Лазаревски за  „После години или носталгична песна“.
Како што соопштија организаторите, наградите вчера беа доделени во просториите на библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а конкурсот се одржува по трет пат, во рамките на манифестацијата „Маџирмаалски средби“.
Од Комисијата на „Маџирмаалки поетски бранувања“ велат дека пристигнале задоволителен број на квалитетни поетски творби кои помеѓу себе стилски се разликуваат.
-Ииако мотивот на Маџир маало е константа, лајтмотив на конкурсот, кој се провлекува низ секоја пристигната поетска креација, во песните се инкорпорирани бројни творечки елементи кои даваат личен белег не секое дело, се посочува во соопштение.

Така, според Комисијата, во песната „После години или носталгична песна“ на Томислав Лазаревски, авторот гради специфичен лирски контрапунк помеѓу минатото и сегашноста. Лирскиот лек за отуѓеноста во сегашноста поетот ја наоѓа во постојаниот поглед кон минатото и постојаната потрага по лицата и нештата кои неповратно се заминати. Болно, но и утешително на крај испејува „Маџир мало расте некои други деца“.

Притоа, додаваат дека добитникот на другата придружна награда, Сузана Ѓорѓиеска, својата песна ја гради во духот на народната лирика, како стилски така и јазично. Духот на минатите времиња се чувствува и во самата метрика на песната, но и во лексиката. Но она што посебно привлекува во оваа песна, според Комисијата е лирскиот машки поглед во песната, љубовта и занесот на мажот кон саканата доловени од аспект на жена, поетеса.

Добитникот на првата награда Љубиша Николиќ, во својата песна „Јас не сум за тебе“, како што посочуваат организаторите, го лоцира лирскиот субјект во просторот омеѓен со преубавите синозелени очи, долгата коса како морски бран и старата маџирмаалска улица. Одмерениот лирски ритам е специфична одлика на пеењето на Николиќ. Во стиховите на песната како да нема празен збор. Се' е на своето место, ненаметливо и јасно. „Јас не сум за тебе“ е вистинска лирска песна, навидум едноставна, а моќна.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан