• петок, 05 декември 2025

Љатифи: Мотивирано против Арсими за нова победа

Љатифи: Мотивирано против Арсими за нова победа

 

Тетово, 24 август 2025 (МИА) - Одбраната на титулата во Прва македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Шкендија ја почна со две победи, откако на свој терен го совлада Шкупи со убедливи 5:1, а во второто коло на гостувањето во Ѓорче Петров ги освои бодовите со триумф од 1:3.

Добрата атмосфера во тимот ја поткрена и триумфот во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа против Лудогорец од 2:1.

Пред реваншот во Бугарија, Шкендија на домашен терен денеска го дочекува составот на Арсими и важи за фаворит да дојде до третиот триумф во првите три кола.

Меѓутоа фудбалерите на Шкендија се внимателни пред пресметката со тимот кој има еден бод од првите две кола, освоен во мечот против Башкими во првото коло. Велат дека може да го издржат темпото да играат и европски натпревари и мечеви во Прва, затоа што широкиот фонд на играчи тоа им го дозволува.

„Имаме доволен фонд на играчи како што секогаш вели нашиот тренер, и ние треба да се бориме на сите три фронта. Го имаме домашното првенство, Купот и европските натпревари. Имаме играчи за сите да имаат минутажа. Веруваме дека ќе бидеме концентрирани за позитивни резултати во домашното првенство, домашниот шампионат е најважен, затоа што токму преку ова натпреварување стигнавме до Европа и до историскиот успех со оглед дека ќе играме во групната фаза на едно натпреварување. Го почитуваме тимот на Арсими. Станува збор за добра, организирана екипа, но Шкендија влегува максимално сериозно на секој натпревар и мотивирано за нова победа“, изјави за сајтот на ФФМ, Лидирон Љатифи, крилниот фудбалер на тетовскиот тим кој против Лудогорец постигна прекрасен гол.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан