• четврток, 02 јануари 2025

„Јутјуб“ има ново „лебдечко“ копче што самото „ќе избира“ видео за корисникот

„Јутјуб“ има ново „лебдечко“ копче што самото „ќе избира“ видео за корисникот

Лос Анџелес, 30 декември 2024 (МИА) - Видеосервисот „Јутјуб“ тестира ново „лебдечко“ копче наречено „Пушти нешто (Play Something)“, коешто самото „ќе избира“ видеа за корисниците.

Копчето е забележано во апликацијата „Јутјуб“ на уреди со оперативен систем „Андроид“ - како лебди над долната лента на апликацијата. Кога корисникот ќе го допре, ова копче избира видео за корисникот и го пушта. Првичните податоци говорат дека новото копче е наменето за кусите видеа. 

Во текот на годинава, „Јутјуб“ тестираше и банер со истото име, како и едноставно копче со црно-белото лого на платформата.

Ако името и концептот звучат познато - „Нетфликс“ порано имаше функција „Изненади ме“ којашто се појави во 2021 година и предлагаше содржини за корисниците. Но, тоа копче веќе не е достапно. си/мс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан