• среда, 27 ноември 2024

„ЈуТјуб“ ги блокира „Раша тудеј“ и „Спутник“ во  Европа

„ЈуТјуб“ ги блокира „Раша тудеј“ и „Спутник“ во  Европа
Вашингтон, 1 март 2022 (МИА) – Платформата ЈуТјуб (YouTube) соопшти дека ги блокира каналите поврзани со руските медиуми „Раша тудеј“ (РТ) и „Спутник“ ширум Европа.  Блокадата е воведена поради руската инвазија врз Украина. Претходно, Европска комисија воведе санкции за руските медиуми, меѓу кои и РТ и „Спутник“. ЕК бара одобрение од земјите-членки на Европска Унија да ги санкционира руските медиумски куќи под контрола на државата РТ и „Спутник“ и да го ограничи нивниот пристап до европскиот медиумски пазар без оглед на нивниот канал на дистрибуција. Санкциите значи дека на операторите во ЕУ ќе им биде забрането да емитуваат, овозможуваат или на друг начин придонесуваат за ширење на која било содржина на РТ и на Спутник, изјави шефот на индустријата на ЕУ, Тиери Бретон. Тоа вклучува пренос или дистрибуција преку кабел, сателит, ИПТВ, интернет платформи или апликации за споделување видеа, без оглед дали се нови или претходно инсталирани. Санкциите ќе се однесуваат и на лиценците, овластувањата и договори за дистрибуција, кои би биле суспендирани. Еврокомесарот Бретон очекува денеска да добие зелено светло од земјите-членки на ЕУ. ми/

Остани поврзан