• понеделник, 23 декември 2024

Јута џез ќе се продава за 1,66 милијарди долари

Јута џез ќе се продава за 1,66 милијарди долари
Солт Лејк Сити, 28 октомври 2020 (МИА) - Семејството Милер постигна договор за продажба на Јута џез на основачот на „Qualtrics“, Рајан Смит, пренесува „ESPN“. Вкупната зделка, која ќе ја вклучува и арената на Јута во Солт Лејк Сити, ќе биде околу 1,6 милијарди долари. Рајан Смит е роден во Јута и е долгогодишен навивач на тимот. Претходните сопственици, семејството Милер, ја поседуваа Јута цели 36 години. Договорот сега мора да биде одобрен од Одборот на гувернери на НБА. Минатата сезона Јута беше елиминирана во првото коло од конференцискиот плејоф, губејќи со 3-4 од Денвер. зс/

Остани поврзан