• петок, 27 декември 2024

Јурова: Загрижува состојбата во правосудството и медиумите во некои земји-членки на ЕУ

Јурова: Загрижува состојбата во правосудството и медиумите во некои земји-членки на ЕУ
Брисел, 20 јули 2021 (МИА) - Постојат причини за сериозна загриженост во одредени земји-членки на Европска Унија, посебно кога станува збор за независноста на судството, изјави денеска потпретседателката на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Јурова. Во годишниот извештај на Европска комисија за почитување на владеење на правото посочени се Унгарија, Полска и Словенија. Во Унгарија и во Полска посебно е загрозена независноста на правосудниот систем. Извештајот на ЕК е објавен една недела откако Европскиот суд за правда пресуди дека начинот за дисциплинирање на судии во Полска е во спротивност со правото на ЕУ. ЕК покрена правна акција поради кршење на ЛГБТ правата во Унгарија и во Полска. Унгарија е критикувана поради неадекватни антикорупциски мерки, како и дека плурализмот на медиумите „останува во опасност“. Лоша положба на медиумите е забележана о во Словенија, каде се регистрирани закани кон новинарите и медиумите. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан