• недела, 07 јули 2024

Јунајтед покажа сила против Бриж и се пласира во осминафиналето на ЛШ

Јунајтед покажа сила против Бриж и се пласира во осминафиналето на ЛШ
Манчестер, 27 февруари 2020 (МИА) - Манчестер јунајтед победи на „Олд Трафорд“ со високи 5:0 против Бриж и со вкупен резултат 6:1 се квалификува за осминафиналето на Лигата на Европа. Головите за домашните ги реализираа Бруно Фернандеш (27-пен), Одион Игало (34), Скот Мек Томини (41) и Фред двапати (82 и 90). Треба да се напомене дека гостите од 23. минута беа со играч помалку кога Симон Дели беше испратен со црвен картон. Оле Гунар Солскјер им даде пауза на некои од неговите носители, но тоа не влијаеше на неговата екипа и Јунајтед забележа победа и се пласира во следната фаза од турнирот. Резултати од реванш-дуелите од 1/16-финалето на ЛЕ Базел - Апоел Никозија 1:0 Еспањол - Вулверхемптон 3:2 Порто - Баер Леверкузен 1:3 Гент - Рома 1:1 Истанбул Башакшекир - Спортинг Лисабон 4:1 ЛАСК - АЗ Алкмар 2:0 Малме - Волфсбург 0:3 Ајакс - Хетафе 2:1 Бенфика - Шахтар Доњецк 3:3 Селтик - ФК Копенхаген 1:3 Интер - Лудогорец 2:1 Манчестер Јунајтед - Бриж 5:0 Севиља - Клуж 0:0 Вторник: Брага - Ренџерс 0:1 Дуелот помеѓу Салцбург и Ајнтрахт Франкфурт беше одложен.

Тагови

Остани поврзан