• петок, 22 ноември 2024

Јунајтед испушти 3:0 против Ковентри, се спаси со ВАР, па на пенали избори финале во ФА Купот

Јунајтед испушти 3:0 против Ковентри, се спаси со ВАР, па на пенали избори финале во ФА Купот

Лондон, 21 април 2024 (МИА) - Манчестер јунајтед преку пенали стигна до финалето на ФА Купот, откако вечерва на „Вембли“ во Лондон, во полуфиналето со Ковентри поведе со 3:0 па прими три гола во низа.

Во последната минута од второто продолжение Ковентри постигна гол за победа, но по интервенција на судиите од ВАР собата, погодокот беше поништен поради минимален офсајд.

Пенал-серијата заврши со победа на фаворитот со 4:2.

Јунајтед во финалето ќе се соочи со Манчестер сити, кој вчера го победи Челзи (1:0).

Градските ривали втор пат по ред ќе играат во финалето на ФА Купот. Во 2023 година победија „граѓаните“.

Финалето во ФА Купот ќе се игра на 25 мај на „Вембли“ во Лондон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан