• понеделник, 23 декември 2024

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО во Вилнус

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО во Вилнус

Сеул, 6 јули 2023 (МИА) - Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ќе присуствува на самитот на НАТО следната недела во Литванија, јави Јонхап.

Властите во Јужна Кореја и Јапонија на маргините на безбедносниот форум во Вилнус договараат средба меѓу Јун и јапонскиот премиер Фумио Кишида, додава јужнокорејската агенција.

Јужнокорејското претседателство потврди дека покрај оваа средба во Вилнус ќе има и разговори во формат на лидерите на Јужна Кореја, Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

За време на посетата на Европа, претседателот Јун треба да оствари официјална посета на Полска. сд/

Остани поврзан