• недела, 22 декември 2024

Јужнокорејската полиција открила повеќе од 4.700 малолетници вклучени во онлајн коцкање

Јужнокорејската полиција открила повеќе од 4.700 малолетници вклучени во онлајн коцкање

Сеул, 10 ноември 2024 (МИА) – Јужнокорејската полиција денеска соопшти дека идентификувала повеќе од 4.700 малолетници кои минатата година биле вклучени во активности на коцкање преку Интернет.

Како што се додава, 4.715 малолетници биле откриени при специјална акција против нелегалното онлајн коцкање, пренесува Јонхап.

Полицијата првично се фокусираше на илегалните оператори со коцкање и коцкарите со високи влогови, но опсегот на истрагата беше проширен минатата година поради зголемениот проблем со малолетното коцкање. јт/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан