• недела, 22 декември 2024

Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети

Јужнокорејската војска соопшти дека Пјонгјанг истрелал неколку крстосувачки ракети

Сеул, 24 јануари 2024 (МИА) - Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска.

Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералштабот на армијата во Сеул. 

Деталите за инцидентот се уште се анализираат во соработка со САД, наведе јужнокорејската армија.

Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, тестовите со крстосувачки ракети не подлежат на забраната на ОН наметната кон оваа изолирана земја.

Меѓутоа, таквото оружје може да се користи и за распоредување нуклеарни боеви глави. За разлика од балистичките ракети, наведуваните ракети имаат свој постојан погонски систем.

Во текот на изминатите две години Северна Кореја значително ги зголеми своите ракетни тестирања и ја интензивираше својата непријателска реторика против јужнокорејската и американската влада.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан