• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јужноафриканците ја повикуваат Британија да им ја врати „Ѕвездата на Африка“

Јужноафриканците ја повикуваат Британија да им ја врати „Ѕвездата на Африка“

Јоханесбург, 4 мај 2023 (МИА) - Во Јужна Африка е покрената петиција на интернет, со којашто се бара Велика Британија да ѝ го врати најголемиот дијамант во светот, именуван како „Ѕвезда на Африка“, на таа земја.

- Дијамантот мора да се врати во Јужна Африка. Тоа мора да биде знак на нашата гордост, наследство и култура, изјави адвокатот и активист од Јоханесбург, Мотуси Каманга.

Петицијата досега ја потпишале над 8.000 луѓе.  си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан