• сабота, 23 ноември 2024

Јужна Кореја ќе поднесе тужба против активистите кои испратиле летоци во Северна Кореја

Јужна Кореја ќе поднесе тужба против активистите кои испратиле летоци во Северна Кореја
Сеул, 10 јуни 2020 (МИА) - Владата на Јужна Кореја денеска најави дека ќе поднесе тужба против две активистички групи, кои во Северна Кореја праќале летоци и шишиња наполнети со ориз, поради наводно кршење на законот за праќање неовластен материјал. Соопштението од Министерството за обединување на Јужна Кореја беше објавено еден ден откако Пјонгјанг објави дека ги прекинува сите канали на комункација со Сеул, поради нејзината неспособност да ги спречи луѓето кои бегаат од земјата и активисти да испраќаат летоци преку граница. Портпаролот на Министерството, Јох Санг-кеј изјави дека двете организации против кои ќе биде поднесена тужба, предизвикале тензија помеѓу двете земји и ги загрозиле животите и безбедноста на жителите во јужнокорејската погранична област. Активистите од Јужна Кореа со години испраќаат балони со летоци во Северна Кореа, во кои се критикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун поради неговите нуклеарни амбиции и кршење на човековите права. Во 2014 година кога јужнокорејски активисти испратија балони со пропаганден материјал,  беше разменет оган во демилитаризирана зона, но инцидентот заврши без жртви. ки/ми/

Остани поврзан