• понеделник, 23 декември 2024

Јужна Кореја му врачи отказ на Клинсман

Јужна Кореја му врачи отказ на Клинсман

 

Сеул, 16 февруари 2024 (МИА) – Фудбалската федерација на Јужна Кореја (КФА) му врачи денеска отказ на селекторот Јирген Клинсман, една недела откако репрезентацијата предводена од германскиот стартег претрпе елиминација во полуфиналето на Азискиот куп.

„По внимателно разгледување, КФА одлучи да го смени националниот селектор, изјави првиот човек на јужнокорејскиот фудбал Чунг Монг-гу на прес – конференција во Сеул.

Клинсман се задржа на селекторската клупа на Јужна Кореја една година.

„Ставот и конкурентноста на Клинсман како селектор не ги исполнија очекувањата и затоа одлучивме да ја смениме насоката пред квалификациските натпревари за Светското првенство 2026“, додаде претседателот на КФА.

Јужна Кореја беше меѓу фаворитите за титулата на Азискиот куп, но неочекувано потклекна во полуфиналето во кое беше поразена од Јордан. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан