• петок, 05 декември 2025

Јувентус сака ова лето да го врати Муани

Јувентус сака ова лето да го врати Муани

 

Торино, 25 јули 2025 (МИА) – Јувентус планира да го врати Рендал Коло Муани во своите редови ова лето, објави денеска „Скај Спорт Италија“.

Напаѓачот на ПСЖ половина од минатата сезона ја мина како позајмен играч во италијанскиот клуб и импресионираше со своите настапи.

Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да склучи договор само според свои услови, потпирајќи се на желбата на францускиот репрезентативец да се врати во Италија. Сега клубот од Торино чека сигнал за подготвеноста на европскиот шампион повторно да го позајми играчот.

Дваесетишестгодишниот Муани постигна 10 голови и додаде три асистенции на 22 натпревари за Јувентус. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан