• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јувентус го даде Ругани на позајмица во Рен

Јувентус го даде Ругани на позајмица во Рен
Торино, 3 октомври 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани кариерата ќе ја продолжи во француската Лига 1. Дваесет и шестгодишниот Италијанец му се приклучи на Рен на една сезона на позајмица. Претходно беше објавено дека зделката ќе биде извршена за 1,5-2 милиони евра, францускиот тим нема да има опција да го откупи играчот. Минатата сезона, Ругани одигра 10 натпревари за Јувентус во Серија А. зс/

Остани поврзан