• вторник, 13 јануари 2026

Јувентус би можел да го врати Киеза од Ливерпул

Јувентус би можел да го врати Киеза од Ливерпул

 

Торино, 5 јануари 2026 (МИА) – Јувентус ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го врати од Ливерпул напаѓачот Федерико Киеза, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, торинскиот клуб е заинтересиран за услугите на 28-годишниот крилен напаѓач, но преговорите се во рана фаза. Одлуката ќе зависи од ставот на Ливерпул, како и на самиот Киеза.

Киеза играше за Јувентус од октомври 2020 до август 2024 година, по што му се приклучи на Ливерпул.

Во сезоната 2025/26, италијанскиот напаѓач одигра 20 натпревари за премиерлигашот, на кои постигна два гола и додаде три асистенции.ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан