• понеделник, 23 декември 2024

ЈСП Скопје: Комплетно е функционална мобилната апликација „Скопска“

ЈСП Скопје: Комплетно е функционална мобилната апликација „Скопска“
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Мобилната апликација „Скопска“, која претставува замена за неперсонализираната електронска картичка „Скопска“ и е виртуелна автобуска карта, од неодамна е целосно функционална, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие „ЈСП Скопје“. Апликацијата, посочуваат, е достапна за корисници на „смарт“ мобилни телефони со Android или IOS оперативен систем. Нуди низа поволности, меѓу кои основните за електронско купување и валидирање на билет, а располага и со алатки (возен ред, мапа на постојки, рута на планирање и друго) кои во голема мера го олеснуваат користењето на јавниот превоз. -Во изминативе неколку месеци, апликацијата ги мина сите фази на тестирање и очекуваме дека нејзините корисници нема да се соочат со проблеми од техничка природа, а во спротивно можат да пријават проблем и слично на apskopska@jsp.com.mk. Ја создадовме аликацијата водејќи се со паролата „Биди во чекор со дигиталниот свет“, а како уште една дополнителна поволност за побрзо и поквалитетно користење на услугите на јавниот превоз во градот, велат од ЈСП. Нагласуваат дека корисниците на јавниот превоз и натаму билет можат да купат/валидираат со електронска картичка „Скопска“, со опцијата Mobipay (мобилно плаќање), а може да се купи и хартиен билет во билетарниците на ЈСП Скопје.вј/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан