ЈП „Градски паркинг“ - Скопје од 1 мај ќе врши ревизија на корисниците на нивните услуги
- Ревизијата ќе се врши етапно по паркиралишта за што корисниците ќе бидат навремено известени на нашата интернет страна и на фан-страната на facebook. За ревизијата ќе биде потребно секој кори
Скопје, 28 април 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Градски паркинг“ - Скопје од 1 мај ќе врши ревизија на корисниците на нивните услуги во категориите станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице на сите паркиралишта.
- Ревизијата ќе се врши етапно по паркиралишта за што корисниците ќе бидат навремено известени на нашата интернет страна и на фан-страната на Фејсбук. За ревизијата ќе биде потребно секој корисник да ги достави соодветните документи согласно договорот, информираат од претпријатието.
Дополнуваат дека Советот на Град Скопје донел „Одлуката за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Ценовникот на услуги на ЈП Градски паркинг- Скопје“ која се однесува на категоријата „Станар- трето возило“ за зона Д, Аеродром.
- Согласно наведената одлука сите издадени дозволи по тој основ ќе бидат исклучени на 01.6.2022. За корисниците на станарски дозволи за прво и второ возило, за зона Д, Аеродром услугата паркирање е бесплатна, стои во соопштението од ЈП „Градски паркинг“. ар/нд/