• понеделник, 23 декември 2024

ЈП Градски паркинг - Скопје: Бесплатен паркинг за време на велигденските празници

ЈП Градски паркинг - Скопје: Бесплатен паркинг за време на велигденските празници
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Во текот на Велигденските празници граѓаните нема да плаќаат за паркирање на зонските пакиралишта во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. -Во пресрет на најголемиот Христијански празник Велигден, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје нема да се врши наплата во недела 24.4.2022 и понеделник 25.4.2022 година, соопштија од претпријатието. Посочуваат дека со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза. ЈП „Градски паркинг“ - Скопје им ги честита Велигденските празници на сите верници од православна вероисповед, со христијанскиот поздрав „Христос Воскресе!“.фф/дма/

Остани поврзан