• понеделник, 23 декември 2024

ЈП Водовод – Куманово почна со втора фаза од проектот за замена и инсталација на ултразвучни водомери

ЈП Водовод – Куманово почна со втора фаза од проектот за замена и инсталација на ултразвучни водомери
Куманово, 26 февруари 2022 (МИА) - Јавното претпријатие „Водовод“ Куманово почна со втора фаза од проектот за замена и инсталација на куќни, комбинирани, индустриски и ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување во системот за водоснабдување на Општина Куманово, соопштија денеска надлежните.
- Со цел, намалување на загуби на вода предвидено е на 20 карактеристични позиции на водоводниот систем на Куманово да бидат поставени преносни ултразвучни мерачи на проток и притисок. Заедно со протокомерите ќе се инсталира и софтвер за зонски мониторинг, со што во реално време ќе биде следена хидрауликата на водоводниот систем на Куманово и ќе се детектираат сектори каде има загуба на вода. Со набавените два гео-корелатори и два геофони, прецизно ќе се детектираат протекувањата кои екипите на ЈП Водовод ефикасно и навремено ќе ги санираат, изјави директорот на кумановски „Водовод“, Оливер Стојмановски.
Првите водомери беа поставени во 2019 година во куќите и становите во централното градско подрачје. Овој систем придонесува да се намалат дефектите и загубите на вода, овозможува евидентирање на евентуалните манипулации на мерилата, што за комуналното претпријатие значи зголемување на приходите од реално фактурираната количина на дистрибуираната вода и намалување на трошоците поради зголемување на ефикасноста на човечкиот фактор во работењето.
Во една минута однадвор без да се нарушува приватноста на граѓаните, со дигиталните читачи се читаат повеќе водомери, претпријатието има детален увид за потрошувачката на вода, прави анализи кои придонесуваат за намалување на загубите на вода. ам/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан