• недела, 22 декември 2024

ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive” доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина

ЈПДП: Клубот „The Distinguished Gentleman’s Drive” доби дозвола само за непречено движење, но не и за неплаќање на патарина

Скопје, 19 октомрви 2024

Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, ја известуваме јавноста дека барањето беше поднесено од “The Distinguished Gentleman’s Drive” 2024 клубот кој традиционално по 4-ти пат, организираше меѓународен хуманитарен настан, односно глобален собир на историски возила кој се одржа на 29 Септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот, со цел подигање на свеста во борбата против машките болести меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.

The Distinguished Gentleman’s Crew Skopje се обратија со Барање до Јавното претпријатие за државни патишта за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила т.н олдтајмери што им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање.

Јавно претпријате за државни патишта

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан