• петок, 22 ноември 2024

Јорданската полиција откри и уништи експлозивни направи складирани во Аман

Јорданската полиција откри и уништи експлозивни направи складирани во Аман

Аман, 22 јуни 2024 (МИА) - Полицијата во Јордан денеска соопшти дека открила и уништила експлозивни направи кои биле складирани во станбена зона на главниот град Аман и изјавиле дека истрагата е во тек.

Експлозивите се пронајдени во куќа во населбата Марка, североисточно од главниот град, а се уништени на лице место по евакуацијата на локалните жители, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Дирекцијата за јавна безбедност.

Во полициското соопштение не се наведува дали постои сомнеж дека експлозивот е поврзан со тероризам. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан