• понеделник, 23 декември 2024

Јован Јаулески: Да го подобриме квалитетот на образованието, студентскиот стандард и животот на македонскиот студент

Јован Јаулески: Да го подобриме квалитетот на образованието, студентскиот стандард и животот на македонскиот студент
Скопје, 14 ноември 2022   Почитувани, Со неверување го читав предлог законот за субвенциониран студентски оброк поднесен од пратениците на СДСМ и ЛДП во петокот. Изненаден сум од критериумите кои ги имаат предвидено за тоа кој може, а кој не да биде корисник на субвенциониран студентски оброк. Според колегите, студентите кои поради своето знаење добиваат стипендија не јадат, студентите кои доаѓаат од семејства со приходи поголеми од минимална плата не јадат, студентите кои се апсолвенти не јадат. Фрапантно. Кога Владата пред 3 недели најави дека ќе прави рационализација на трошоците за студентски оброк, ни на крај памет не ми дојде дека ќе се соочиме со закон за субвенциониран студентски оброк кој постои само на хартија, а всушност значи оброк за само неколку стотици студенти од вкупно 50 илјади студенти запишани на универзитетите во Македонија. Во текот на викендот се соочив со сериозна дилема. Дали Жаклина Лазаревска, Моника Зајкова, Даниела Колева, Санела Шкриељ, Зеќир Рамчиловиќ и останатите потписници на овој скандалозен закон се вистинските автори или текстот им е даден од Влада за само да го потпишат и поднесат или се надеваа дека студентите се апатични, незаинтересирани , како и самите тие и нема да приметат или ќе ги премолчат измените на кои се потпишаа. Почитувани, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија уште на 2-ри ноември поднесе измени на законот за субвенциониран студентски оброк откако увидовме дека власта не планира да преземе ништо со оглед дека цел октомври помина, а студентите останаа без очекуваните средства. Со нашиот предлог бараме да се применува ланскиот модел на исплата на средства и во иднина, но и да се зголеми финансиската поддршка на 160 денари дневно. Зголемувањето на субвенцијата е резултат на историски најголемото покачување на цените на храната во изминатата година, кое надминува 30%. Ги повикувам колегите од мнозинството веднаш да се стави на пленарна седница нашиот закон и уште денес да го донесеме. Од утре натаму, да седнеме сите заедно со студентите, универзитетите, министерството и сите други заинтересирани страни за тоа како може да го подобриме квалитетот на образованието, студентскиот стандард и животот на македонскиот студент. Ви благодарам. Интегрален текст од изјава за медиуми – Јован Јаулески, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ Со почит, Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан