• понеделник, 23 декември 2024

Јовановска: Пензискиот фонд е во стабилна состојба и нема проблем со одржливоста на буџетот

Јовановска: Пензискиот фонд е во стабилна состојба и нема проблем со одржливоста на буџетот
Скопје, 18 јули 2021 (МИА) - Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Нема никаков проблем во врска со одржливоста на буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, изјави директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. - Пензионерите може да бидат сосема спокојни, Пензискиот фонд е во стабилна состојба, пензиите како и досега ќе си продолжат со тековна, редовна, навремена исплата. Имајќи предвид дека во корона-кризата Владата донесе одлука пензиите се уште ги исплаќаме и предвреме, односно еве и сега на крајот на месецот ќе бидат исплатени јулските пензии. Во делот на планираните приходи и расходи се сè одвива онака како што беше предвидено, како што беше планирано, вели Јовановска. Посочува дека во првите пет месеци приходите остварени во споредба со првите пет месеци од 2020 година се зголемени за 6,5 проценти, а во делот на она што беше планирано за првите пет месеци - има зголемување за два процента. Тие показатели упатуваат дека Пензискиот фонд е стабилен, нагласува Јовановска, и додава дека во моментов, според податоците на Фондот, и бројот на осигуреници е зголемен во споредба со истиот период 2020 година. На прашањето што треба граѓаните да направат за да бидат сигурни дека ќе добијат решение за пензија, особено ако недостигаат информации во Фондот или, пак, доколку фирмата не плаќала придонеси за одреден период, Јовановска во интервјуто ги советува граѓаните работниот стаж да го проверат не на денот кога ќе го остварат правото на пензија, туку тоа може да го направат додека се уште се во работен однос. - Тоа може да се направи во подрачните единици на ПИОМ, но и електронски на сајтот на Фондот или преку uslugi.gov.mk, вели директорката на ПИОМ Билјана Јовановска во интервјуто за Радио Слободна Европа. хс/  цр
 

Остани поврзан