• сабота, 23 ноември 2024

ЈКП Тетово назначи раководител за капелата, лиценцирани две фирми

ЈКП Тетово назначи раководител за капелата, лиценцирани две фирми

Тетово, 8 април 2023 (МИА) - Капелата за православните гробишта во Тетово која треба да почне да функционира од понеделник, има раководител поставен од комуналното претријатие, а две фирми како лиценцирани оператори ќе го вршат пренесувањето на починатите луѓе.Раководителот Мирослав Симоски објаснува дека за оваа новина во Тетово, пренесување на починат човек од дома во мртовечница или капела, се прави според Закон за гробишта и погребални услуги. Воедно информираше со каков вид на простории располага капелата и каква функција имаат.

-По пријавувањето и констатирањето на смртта кај починат човек од страна на Итна медицинска помош, семејството или блиските роднини можат да се јават кај двете фирми кои се овластени оператори за оваа намена. Согласно член 22 од Законот тие се овластени за преземање и превоз на посмртните останки на умреното лице од местото каде што починало до местото каде треба да се чува во мртовечница или до место на погребување, а тоа се прави со посебно возило наменето за превоз на умрени лица, информираше Симоски.Во капелата починатиот човек се положува во разладна комора. Во тетовска капела има пет места во разладната комора. Член 26 од законот предвидува верските заедници, по исклучок својот верскивеликодостојник да можат да го изложат и чуваат на место или објект кој е наменет за извршување на верски обреди.-Опремувањето односно облекување според член 28 од законот зависи од најблиските, брачен другар, семејство и роднини, може да се врши и дома и во капелата. Тука во капелата има посебна просторија за облекување и опремување на починатиот. При пренесувањето на починатиот во капелата се  поставува во разладна комора. Може да се чува во разладната комора и повеќе од 24 часа. Потоа, покојниот се изложува во капелата еден час пред погребот. Во тој период ќе можат најблиските да примат сочувство од луѓето кои дошле во капелата за погребот. Потоа, согласно верските убедувања, може опело да се прави во црквата Свети Димитрија што е во склоп на православните тетовски гробишта и погребување во гробно место тука во Тетово или на гробиштата кај Фалише, информираше Симоски.Во капелата покрај разладна комора, место за облекување (спремање) и изложување на покојно лице  (капела 1 и капела 2) има и две чекални за ожалостените семејства како и тоалети. За вработените има две канцеларии, посебни тоалети и гаража. Паркирањето е слободно предкапелата и околу православните гробишта.За пренесување на покојните лица овластени оператори се фирмите „Мирен сон“ и „Ден и ноќ“, двете од Тетово.Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година. Следуваа повеќе години во очекување на надминување на пропусти околу функционалноста како и соодветна документација. Минатиот месец на седницат на Советот беше усвоена и одлука за ценовник за користење на капелата. ас/лв/фото МИА

Остани поврзан