• среда, 25 декември 2024

Јеремиќ: Србија е еднопартиска држава во која Владата контролира сè

Јеремиќ: Србија е еднопартиска држава во која Владата контролира сè
Белград, 29 септември 2020 (МИА) - Претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ изјави дека Србија е еднопартиска држава во која нема демократски поредок и во која Владата контролира сè, вклучително и приватниот сектор и дека со таква влада нема можност до 2030 година да се постигнат целите за одржлив развој на ОН, чие исполнување би значело благосостојба за сите граѓани. - Надежта може да биде ангажман на инвеститори од Европската унија, САД и Кина со работење во Србија во согласност со постигнувањето на целите на одржлив развој, односно во согласност со општите норми имплицирани во нивните домашни надлежности. Надворешно дипломатско влијание врз подобрувањето на деловните правила во Србија исто така може да биде корисно, рече Јеремиќ во дискусијата на тема „Придонесот на приватниот сектор за одржлив развој во ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ ​​и Југоисточна Европа“. Дискусијата, која е одржана преку видео конференција, беше организирана од престижниот американски центар „Козметски“, во соработка со Универзитетот Тексас во Остин. паг/  

Остани поврзан