• недела, 22 декември 2024

Јеменски Хути: Секој што соработува со Израел ќе биде наша цел во Црвеното Море

Јеменски Хути: Секој што соработува со Израел ќе биде наша цел во Црвеното Море

Сана, 9 декември 2023 (МИА) - Воениот портпарол на јеменските Хути Јахја Саре ги предупреди сите бродски компании да не соработуваат со Израел, за да не бидат цел на напади во Црвеното Море.

- Доколку Газа не ја добие потребната храна и лекови, сите бродови во Црвеното Море кои пловат кон израелските пристаништа, без разлика на нивната националност, ќе бидат цел на нашите вооружени сили, рече Јахја Сари, најавувајќи забрана за минување на сите бродови на пат кон Израел.

Хутите гаѓаа израелски, американски и британски бродови во Црвеното Море во последните денови, во кампања за која велат дека има за цел да ги поддржи Палестинците.

Американски воени бродови соборија неколку проектили. ссм/

фото: архива

Остани поврзан