• петок, 05 декември 2025

Јеменските Хути ги запреле нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море

Јеменските Хути ги запреле нападите врз Израел и бродовите во Црвеното Море

Сана, 11 ноември 2025 (МИА) - Јеменските бунтовници Хути испратија досега најјасен сигнал дека ги прекинале нападите врз Израел и бродското пловење во Црвеното Море, се наведува во недатираното писмо упатено до „Бригадите Касам“, военото крило на палестинските милитанти од Хамас, што групата го објави на интернет.

Во писмото Хутите предупредија дека, во случај на продолжување на израелските напади врз Газа, би можеле да ги обноват воените операции и да ја забранат израелската пловидба во Црвеното и Арапското Море, објавија американските медиуми.

Писмото е потпишано од генерал-мајор Јусуф Хасан ал-Мадани, началник на штабот на Хутите.

Хутите добија меѓународно значење за време на војната меѓу Израел и Хамас со напаѓање бродови и израелски цели, истакнуваат американските меидуми.

Откако започна прекинот на огнот на 10 октомври, бунтовничката група не ја презеде одговорноста за никакви напади.

За време на нивната кампања, најмалку девет морнари беа убиени, а четири брода беа потонати, со што се прекина бродскиот сообраќај во Црвеното Море, низ кое претходно годишно минуваше стока во вредност од околу милијарда долари.

Израелската војска, која претходно изврши серија напади во кои беа убиени високи лидери на Хутите, не го коментираше писмото.

Хутите, исто така, сè повеќе и се закануваат на Саудиска Арабија и заробуваат работници на ОН и други хуманитарни работници, тврдејќи без докази дека се шпиони, што ОН и другите организации категорично го негираат.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан