Јеменскиот преоден совет планира да одржи референдум за независност за две години
- Шефот на СТЦ, Ајдарус ал-Зубаиди, објави почеток на двегодишен преоден период, по што, како што најави, ќе се одржи референдум за независност на југот од земјата, објавува Ал Џезира.
Аден, 2 јануари 2026 (МИА) - Јеменскиот сепаратистички Јужен преоден совет (СТЦ) денеска објави дека планира за две години да одржи референдум за независност на југот на земјата од северот, откако во декември минатата година освои неколку градови.
Шефот на СТЦ, Ајдарус ал-Зубаиди, објави почеток на двегодишен преоден период, по што, како што најави, ќе се одржи референдум за независност на југот од земјата, објавува Ал Џезира.
Објавата следеше по борбите меѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и силите на ПТС во Хадрамут, во кои силите лојални на гувернерот Салем ал-Канбаши ја презедоа најголемата воена база во регионот од СТЦ.
Ал-Зубаиди ја повика меѓународната заедница да спонзорира разговори меѓу засегнатите страни на југот и северот за пат кон одржување на референдум за независност и механизми за „гарантирање на правата на луѓето на југот“.
Граѓанската војна во Јемен беснее од 2014 година, при што Хутите, поддржани од Иран, го контролираат северниот дел од земјата, вклучувајќи го и главниот град Сана, откако ја принудија владата поддржана од Саудиска Арабија да избега на југ кон градот Аден.
Потоа, владата беше принудена да го напушти и тој град, по напредувањето на силите на СТЦ, поддржани од Обединетите Арапски Емирати.сд/
фото: Јеменски преоден совет