• среда, 20 ноември 2024

Јелен: Министерството за финансии на САД воведува нови санкции против Русија

Јелен: Министерството за финансии на САД воведува нови санкции против Русија

Вашингтон, 24 февруари 2023 (МИА) - Американското Министерство за финансии денеска ќе воведе нови санкции против руски поединци и компании, изјави министерката за финансии на САД, Џенет Јелен, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Јелен, во интервју за МСНБЦ, не наведе детали, но рече дека тоа ќе бидат значајни санкции кои се однесуваат на руски поединци, компании и финансиски институции.

На почетокот на месецот, САД воведоа санкции за 22 лица и субјекти од повеќе земји под обвинение дека го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс со избегнување на санкции.

Како што соопшти американското Министерство за финансии, новите казнени мерки се воведени како дел од напорите на САД да го казнат избегнувањето на санкциите низ светот и „да го ограничат профитот со кој Русија ја финансира војната“, објави Гласот на Америка.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот на осудените во САД и забрана на Американците да прават бизнис со нив. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан