„Једиот ахронот“: Во војната во Газа досега загинале речиси 900 израелски војници
- Израелската армија го објави првиот официјален биланс на своите жртви од почетокот на војната против Газа на 7 октомври 2023 година, наведувајќи дека во таа војна загинале 891 војник и офицер во редовите на израелските одбранбени сили, објави израелскиот весник „Једиот Ахронот“.
Тел Авив, 2 јануари 2025 (МИА) - Израелската армија го објави првиот официјален биланс на своите жртви од почетокот на војната против Газа на 7 октомври 2023 година, наведувајќи дека во таа војна загинале 891 војник и офицер во редовите на израелските одбранбени сили, објави израелскиот весник „Једиот Ахронот“.
Ова е најголемиот број загинати војници во конфликтот од војната во Јом Кипур во 1973 година, пишува „Гардијан“.
Израелското воено радио објави дека 28 израелски војници извршиле самоубиство од почетокот на војната, вклучително и 16 резервисти, што е најголем број самоубиства во последните 13 години. паг/
Фото: МИА архива