• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Јапонскиот парламент денеска одлучува дали Ишиба ќе остане премиер

Јапонскиот парламент денеска одлучува дали Ишиба ќе остане премиер

Токио, 11 ноември 2024 (МИА) - Јапонскиот парламент на денешната седница ќе одлучи дали премиерот Шигеру Ишиба ќе остане на функцијата по скандалот поради кој поранешната владејачка коалиција го загуби парламентарното мнозинство на изборите одржани на 27 октомври.

Се очекува Ишиба да остане на функцијата, бидејќи неговата Либерално-демократска партија (ЛДП) и нејзиниот коалициски партнер Комеито имаат најголем број места во парламентот.

Ишиба, доколку биде поддржан, ќе може да формира малцинска влада. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан