• понеделник, 23 декември 2024

Јапонскиот министер за надворешни работи му нареди на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти земјата

Јапонскиот министер за надворешни работи му нареди на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти земјата
Токио, 4 октомври 2022 (МИА) - Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши му наредил на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти Јапонија до 10 октомври, објави денеска новинската агенција Кјодо. Одлуката на Токио доаѓа откако Федералната служба за безбедност (ФСС) на Руската Федерација минатиот месец соопшти дека го привела јапонскиот конзул во Владивосток под сомнение за шпионажа и му наредила да ја напушти земјата. Јапонскиот дипломат беше ослободен неколку часа откако беше приведен. Токио изрази „силен протест“ против дејствијата на Русија и сигнализираше дека може да преземе реципрочни мерки. Јапонскиот конзул Мотоки Тацунори е прогласен за персона нон грата откако ФСС соопшти дека тој бил фатен од руските власти како добива доверливи информации за последиците од западните санкции врз економската ситуација на рускиот Далечен Исток. паг/    

Остани поврзан