• петок, 22 ноември 2024

Јапонската влада создава база на податоци за здравјето на населението

Јапонската влада создава база на податоци за здравјето на населението

Токио, 7 јули 2021 (МИА) - Јапонската влада ќе создаде база на податоци за заразни болести, почнувајќи од собирање податоци од 10.000 пациенти со Ковид-19, за да им помогне на компаниите и универзитетите во развојот на лекувањето среде пандемија.

 Како дел од проектот, прво ќе бидат собрани примероци од крв и плунка, како и евиденција за третманот на пациентите.

Околу 50 медицински установи се очекува да се приклучат на проектот, а со базата на податоци ќе управуваат организации вклучувајќи го Националниот центар за глобално здравје и медицина, Националниот институт за инфективни болести и Универзитетот во Токио, соопштија владини претставници.

Ватару Сугиора, лекар во Националниот центар за глобално здравје и медицина, рече дека е многу важно државата да го преземе водството во продолжување на работата со базата на податоци на населението поради национална безбедност.

Сугиора додаде дека исто така е потребно да се негуваат луѓе кои можат да спроведат истражувања користејќи ги собраните податоци.

Остани поврзан