Јапонската амбасада го завршува проектот на Инфективната клиника во Скопје
- На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод затворањето на проект во рамки на јапонската програма за мали проекти одно
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод затворањето на проект во рамки на јапонската програма за мали проекти, односно GGP.
Станува збор за донација во вкупна вредност од 65.801 евра, а на настанот најавено е присуство на јапонскиот амбасадор Хиронори Савада и организациската директорка на болницата Мирјана Пехчевска Поп-Илиев. сх/бак/